Почетна » Новости » Мода » Мода без граници: Третиот ден на Моден Викенд Скопје ја слави регионалната креативност и одржливост

Мода без граници: Третиот ден на Моден Викенд Скопје ја слави регионалната креативност и одржливост

Третиот ден на 29-тиот Моден Викенд Скопје кој се одржува во Културниот центар Лабораториум, беше одраз на богатата регионална соработка и креативен израз, кој ја слави поврзаноста меѓу традицијата, иновациите и одржливоста. Овој ден отвори врати кон модни приказни кои ја пренесоа културната размена меѓу земјите од Балканот, истакнувајќи ја модата како платформа која ги обединува луѓето преку заедничка посветеност на општествените вредности и естетиката.

FWSK

Првата ревија, „Upcycled Passion Fashion Show“ поддржана од Green Land Group, ги постави темелите за одржливоста и инклузијата како централни теми на вечерта. На пистата дефилираа модели од сите возрасти и големини, облечени во креации направени од обновени и половни материјали. Дизајнерите, во соработка со Фабриката „Димко Митрев” која соработува со шведската компанија Swedish Shepherd и со IPROTEX - иновативен партнер за технички текстил кој наоѓа примена во автомобилската индустрија, покажаа дека реупотребата на материјалите може да резултира со креативни, етички и модерни парчиња облека кои ја слават одржливата мода и иновативноста.

FWSK FWSK

Во рамките на интернационалната ревија „Ties that Bind: BiH & MK Dimensions of Fashion,“ поддржана од UNESCO и Европската унија, беа претставени дела на тројца истакнати модни брендови од Босна и Херцеговина: Mothershands, No Nation Fashion и Луција Чолак. Овој проект посветен на врските што не поврзуваат, ја истражува важноста на културната размена и социјалната свест во модната индустрија.

Со својата колекција „Unite the Colors,“ Mothershands ги слави рачните изработки од минатите декади, носејќи модерни рачно плетени парчиња кои го истакнуваат шармот на бавното производство и одржливата уметност. Овој дел од програмата ја нагласи важноста на културната и креативна соработка во регионот и нивната улога во општествениот развој.

FWSK FWSK

No Nation Fashion, бренд поддржан од Меѓународната организација за миграција (IOM), ја презентираше колекцијата „Resilient Threads“ – креации инспирирани од патувањата и приказните на мигрантите, пренесувајќи порака за сила, издржливост, но и за моќта на редизајнот.

FWSK FWSK

Модната колекција на Луција Чолак, истакната дизајнерка и основачка на Кашмир студиото, беше уникатен спој на класична елеганција и современа смелост, создавајќи незаборавни венчални парчиња од сатен, шантунг свила и броширани ткаенини со 3D детали.

FWSK FWSK

На студентската ревија на Факултетот за арт и дизајн при Меѓународниот балкански универзитет, студентите Ринеса Ахмети, Суреја Јакупи, Маригона Рахмани, Хава Јахја, Христина Ѓорѓиева, Луна Аврамовска, Оја Осман и Кефаџет Исмаили го презентираа својот уникатен креативен израз преку автентични колекции инспирирани од нивните лични приказни и културни позадини. Овие млади таленти, под менторство на Маја Ѓуреска, Емилија Славкова и Медина Хоџа, донесоа на сцената свежа визија за иднината на модата во Македонија, комбинирајќи традиционални елементи со иновативни техники и современи форми.

FWSK FWSK

Големото финале на вечерта го заокружија брендовите MARAH и PERENIAL, поддржани од Payot-француски бренд за нега на кожата познат по својата уникатна мешавина на луксуз, ефикасност, но и етичка мисија. Маригона Рахмани ја претстави колекцијата „Lusserno,“ инспирирана од нејзиното патување во Анкона, Италија, каде што традицијата и современите дизајни создадоа елегантни и смели парчиња. PERENIAL, воден од Аника Илоска, ја претстави својата колекција „Сврзани,“ создадена преку трансформација на машки сакоа во женски облеки, нагласувајќи го значењето на повторната употреба и одржливиот дизајн како дел од модната иднина.

FWSK FWSK FWSK FWSK FWSK

Третиот ден на Моден Викенд Скопје го покажа најдоброто од локалната и регионалната модна сцена, истакнувајќи ја важноста на соработката, културниот дијалог и одржливите практики. Овој ден ги обедини креативците од различни позадини во заедничка визија за модата, докажувајќи дека вистинската убавина на стилот лежи во неговата способност да инспирира, да ги обединува луѓето и да создава промени.

Денес е последниот ден на 29. Моден Викенд Скопје, а на програмата e планирано следното:

14:00 - 18:00 Посетете го нашиот SHOWROOM FWSK & Lab

Во партнерство со Laboratorium и Лаб дизајн маркет, ја отвараме поп-ап продавницата на дизајнери од оваа сезона! Овој уникатен настан е создаден од љубов кон бавната мода, со цел да се намали отпадот во модната индустрија и да се продолжи животниот циклус на постоечките парчиња облека.

Приклучете ни се и истражете ги внимателно селектирани дизајни што го слават одржливиот и етички пристап кон модата.

20:00 - 22:00 Wear the Change: Модна аукција со цел

Придружете се на хуманитарната модна аукција, дел од кампањата „Денови на донирање“ на Конект. Наддавајте за неверојатни дизајни донирани од познати дизајнери како Никола Булески, Росица Мршиќ, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, Алшар од Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Milkbride, Bella, Катерина Тошева, Terziya, Александар Стојанов-Зорин.

Со набавката на вашиот омилен дизајн, поддржете го Фондот за филантропија и важни иницијативи за превенција од пожари, технологија за деца со попречености, пациенти со рак и образовни програми за млади.

FWSK застанува позади овие каузи!

Бидете дел од оваа инспиративна вечер на мода и филантропија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21823 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.