Почетна » Новости » Мода » Младата актерка Марија Јанчевска со силен стилски отпечаток на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Младата актерка Марија Јанчевска со силен стилски отпечаток на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Марија Јанчевска со елегантен и модерен стајлинг одушеви на затворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Младата актерка и поетеса беше дел од екипата на филмот „Убиј ги прво децата“ со чија национална премиера беше затворен Фестивалот.

На црвениот тепих таа се појави во темен фустан од ателјето Кокев, а многумина го оценија нејзиниот изглед како совршен за филмската манифестација.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.

Фото: Ивона Кочов / Александар Василевски / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.