По краткиот престој во Велика Британија, Меланија и Доналд Трамп ја започнаа официјалната посета на Франција.
Парот им се придружи на Емануел и Брижит Макрон на комеморативна служба со која се одбележа 75-годишнината од битката за Нормандија.
Во својот говор, Трамп рече: „Денес се сеќаваме на оние кои ги изгубија животите и им оддаваме почит на оние кои се бореа токму тука во Нормандија. Тие го освоија повторно ова подрачје за цивилизацијата“.
49-годишната Прва дама на САД носеше црно палто од Диор додека 66-годишната Прва дама на Франција беше облечена во светла комбинација од Луј Витон.
На церемонијата присуствуваа и принцот Чарлс, војвотката Камила, британската премиерка Тереза Меј, како и стотици ветерани.