Додека светската политичка јавност интензивно ги дискутира потезите на Доналд Трамп, во светот на модата фокусот паѓа на двете најважни дами во животот на претседателот на САД.
Меланија и Иванка вчера ги привлекуваа објективите на фоторепортерите со елегантни изданија. И двете избраа сини фустани за различни пригоди.
Иванка беше фотографирана додека излегуваше од својот дом во Вашингтон со малиот син Џозеф.
За средбата со претседателот на Панама Хуан Карлос Варела и неговата сопруга Лорена, Меланија Трамп избра креација од Мајкл Корс и цветни обувки од Кристијан Лобутин.