Инаугурацијата на Доналд Трамп беше во фокусот на светската јавност изминатиов викенд. Но, за време на свеченостите, големо внимание привлекуваа и неговата сопруга Меланија и неговата ќерка Иванка.
Еден ден откако официјално ја презеде функцијата претседател на САД, тој заедно со најблиските присуствуваше на црковна служба во Националната катедрала во Вашингтон.
Меланија изгледаше елегантно во темно палто со А-линија и сини обувки од Кристијан Лобутин.
Иванка беше облечена во бордо од глава до пети. На молитвата таа беше фотографирана со сопругот Џаред Кашнер и децата Арабела, Џозеф и Теодор.