Меган Маркл и принцот Хари денес ја завршуваат кратката кралска турнеја во Мароко.
Парот ја посети кралската резиденција во Рабат, каде беше пречекан од принцот Хасан, а на приемот присуствуваше и кралот Мохамед VI и неговите сестри – принцезата Лала Мерјем и принцезата Лала Хасна.
37-годишната војвотка, која е во седмиот месец од бременоста, носеше долг фустан. Сината креација е дело на модната куќа Каролина Ерера.
Истиот ден, Меган и Хари ги посетија Андалузиските градини. Во таа пригода, славната припадничка на британското кралско семејство носеше црн плисиран фустан и бело сако.