Меган Маркл и принцот Хари ги започнаа активностите по повод Денот на Комонвелтот. Кралската двојка присуствуваше на настан посветен на разновидната заедница на млади Канаѓани кои живеат во Лондон и низ Велика Британија.
37-годишната војвотка од Сасекс изгледаше женствено во модерно зелено палто со црни детали од Ердем и омилените обувки од брендот Aquazzura.










Меган и Хари, кои следниот месец ќе го добијат првото дете, имаа можност да поразговараат со млади лица од различни сфери како уметност, мода и бизнис.







