Вечерва се одржа свеченото затворање на „Браќа Манаки“. Фестивалот на филмската камера заврши со премиерата на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“, а на манифестацијата во Битола присуствуваа стотици љубители на филмот.
Маја Андоновска-Илијевски со ефектен стајлинг заробуваше погледи на црвениот тепих. Директорката на Центарот за култура, каде и се одржуваше свеченоста, се појави во долг црвен фустан со мала наметка и впечатлив истобоен цвет.
Битолската актерка беше придружувана од нејзиниот сопруг Ице.
Фото: Ивона Кочов / Femina.mk