За време на официјалната турнеја во Мароко, Меган Маркл и принцот Хари беа поканети на свеченост во Рабат.
Вечерата беше организирана од тамошниот британски амбасадор Томас Рили, а кралскиот пар имаше можност да се сретне со млади лидери, жени лидери и спортисти со хендикеп.
Војвотката од Сасекс беше облечена во марокански стил. Бежовата креација декорирана со блескави камења доаѓа од француската модна куќа Диор.
















Денес, Меган доби привремена цветна тетоважа, а потоа заедно со Хари се сретнаа со млади ученици.

























Работната посета на Меган и Хари завршува утре, но идните родители ќе останат во Мароко приватно уште еден ден.