Кралицата Летиција не знае за модни промашувања. Шпанската кралица во изминативе денови привлекуваше пофалби со црно-бели стајлинзи.
На затворањето на „World Law Congress“, 46-годишната Летиција носеше црн фустан со бели линии од Каролина Ерера и црно-бели салонки.


Свеченоста се одржа во Кралскиот театар во Мадрид, а за време на церемонијата кралот Фелипе се закити со наградата „World Peace and Liberty“.










Претходно, кралскиот пар присуствуваше на доделувањето на златни медали за заслуги во ликовната уметност Кордоба. За тој настан, Летиција избра комплет со пепито дезен од Хуго Бос и црвени обувки од шпанскиот бренд Магрит.












