Каја Гербер заведува од насловната страница на „Вог“.
За декемвриското издание на списанието, ќерката на Синди Крафорд сними забавна фотосесија во која имаше невообичаена фризура. 23-годишната девојка позираше во креации од Марк Џејкобс пред објективот на фотографот Стивен Мејзел.
„Не ми се верува дека го кажувам ова, но ова е мојата четврта насловна страница за американскиот ‘Вог’ и слободно можам да речам, дека секој пар станува поспецијално“ – рекла Каја.
За првпат досега, Ана Винтур му го препушти уредувањето на „Вог“ на својот прв гостин уредник Марк Џејкобс.