Каролина Гочева секогаш изгледа женствено и шик, а за нејзиното најново телевизиско гостување, таа избра фустан кој е голем хит помеѓу блогерките и славните дами.
38-годишната пејачка носеше фустан од познатиот бренд Self-Portrait, кој си има најдено свое место во гардеробите на бројни модни ентузијастки и холивудски ѕвезди.
Креацијата од британскиот бренд, македонската ѕвезда ја искомбинира со обувки од брендот Ботега Венета. Деталите за стајлингот ги сподели нејзината стилистка Цаци Пакоска.
Меѓу славните дами кои имаат носено идентичен фустан се Наоми Вотс и Брајс Далас Хауард.
И пократката верзија на фустанот: