Ирина Шајк привремено стана русокоса за „Вог“ Русија. Атрактивниот модел ги разубавува страниците на септемвриското издание на модното списание.
За едиторијалот, 30-годишната Русинка позира и се забавува со згодни машки модели.
Фотографиите ги потпишува дуото Мерт и Маркус.
На насловната страница, Шајк носи јакна од колекцијата есен/зима 2016 на Диор.