Ирина Шајк со специјален партнер дефилираше на Њујоршката недела на модата. Славната Русинка излезе од вонземско летало и зачекори на пистата со робот на ревијата на Филип Плајн.
32-годишниот модел го отвори шоуто во црн тесен комбинезон, а на финалето го придружуваше и самиот дизајнер.
Во Големото јаболко, Ирина беше дел и од модното шоу на Ботега Венета, за кое облече жолта кадифена креација со длабоко деколте.