Кратко време по раѓањето на првото дете, Ирина Шајк им се врати на модните ангажмани.
31-годишната Русинка сними едиторијал за шпанското издание на „Вог“ со реномираниот фотограф Марио Тестино.
За авангардната фотосесија, Шајк носеше креации од врвни модни куќи како Келвин Клајн, Шанел и Кензо, а на една од фотографиите позираше како од мајка родена.
Шајк вчера беше фотографирана со малата ќерка во Беверли Хилс. Славната убавица заштитнички го криеше девојчето под прекривка.