Иванка Трамп присуствуваше на вечера организирана од нејзиниот татко Доналд, пред неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД.
На свеченоста во Вашингтон, 43-годишната бизнисменка блесна во тесна, рачно изработена креација, која ѝ ја истакна фигурата. Фустанот со кристали и бисери е дело на модната куќа Оскар де ла Рента.
Иванка се дружеше со гости како Илон Маск, Џеф Безос и неговата вереница Лорен Санчез.
Претходно, таа беше фотографирана додека со трите деца и сопругот Џаред Кушнер пристигнуваше во Вашингтон. Таа беше облечена во модна комбинација со впечатливо палто од Диор.
Денес ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.