Зухаир Мурад со своите фантазии отпатува во најсеверните делови од нашата планета за да се инспирира за новата колекција.
Либанскиот дизајнер одушевен од импресивната поларна светлина Аурора Бореалис ги дизајнираше своите нови дела кои со сигурност ќе бидат дел од плакарите на бројни славни личности.
„Со колекцијата pre-fall 2025, Зухаир Мурад ја доловува поезијата на поларната светлина и нејзините живописни нијанси преку модели проткаени со мистична елеганција“ – стои во описот на колекцијата.