Почетна » Новости » Мода » Запознајте ја Халима Аден – првиот модел со хиџаб и буркини во Sports Illustrated Swimsuit

Запознајте ја Халима Аден – првиот модел со хиџаб и буркини во Sports Illustrated Swimsuit

Халима Аден испиша историја и стана првиот модел кој позираше со хиџаб и буркини за изданието на Sports Illustrated посветено на костими за капење.

21-годишната девојка била родена во камп за бегалци во Кенија, каде живеела до нејзината 7-годишна возраст кога со семејството се преселиле во САД.

Халима оваа година се врати повторно во Кенија за снимањето на оваа фотосесија и за првпат уживаше во убавите предели на нејзината родна земја.

Халима Аден

„Се потсетив на 6-годишната јас, која во оваа иста држава беше во камп за бегалци. Па тоа што пораснав и го живеам мојот Американски сон и тоа што за Sports Illustrated се вратив назад во најубавите делови од Кенија… сметам дека тоа е приказна која никој не може да ја измисли. Не можам да верувам дека ова е мојот живот, не можам да верувам дека ова е мојата професија“ – вели таа.

Халима Аден

„Жените не мора да се вклопуваат во одредена категорија или кутија за да бидат почитувани и прославувани. Ако се чувствувате самоуверени и убави во танга бикини, носете ги, ако се чувствувате на тој начин во буркини и хиџаб, БИДЕТЕ ВИЕ, БИДЕТЕ САМОУВЕРЕНИ, БИДЕТЕ ПРЕКРАСНИ. Sports Illustrated Swimsuit е посветен на славењето на индивидуалноста која ги прави луѓето во светот убави и специјални“ – велат од списанието.

Халима Аден

Халима беше и првата девојка која носеше хиџаб на изборот за Мис Минесота и носеше буркини во сегментот кога убавиците се претставуваат во костими за капење.

Халима Аден Халима Аден Халима Аден Халима Аден Халима Аден Халима Аден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.