Почетна » Новости » Занимливости » Муслиманка цели да стане првата натпреварувачка во уметничко лизгање со хиџаб на Олимпијада

Муслиманка цели да стане првата натпреварувачка во уметничко лизгање со хиџаб на Олимпијада

Млада муслиманка од Абу Даби има голем сон – да стане првата натпреварувачка во уметничко лизгање со хиџаб на Олимпијада. Нејзина цел е да ја претставува својата татковина Обединетите Арапски Емирати на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја во 2018 година.

Доколку успее, Захра Лари ќе влезе во историјата на својата земја како прв спортист кој учествувал на Зимска олимпијада.

Захра Лари

Лара започнала да лизга на 12-годишна возраст инспирирана од филмот „Ice Princess“ и веднаш се заљубила во овој спорт. „Кога првпат стапнав на мраз, паднав. Знаев дека треба да пронајдам начин да се исправам и да продолжам да се обидувам. Токму тоа и го направив. Пад по пад, јас продолжував да се исправувам“ – вели таа.

На почетокот лизгањето ѝ било еден вид на хоби на Захра, но набрзо таа започнала да му посветува сè повеќе и повеќе време. До 2015 година нејзините тренинзи траеле по 4-7 часа дневно.

Захра Лари Захра Лари Захра Лари

Родителите ѝ биле голема пречка на Лара кога изразила желба да се натпреварува во уметничко лизгање, но кога ја виделе нејзината огромна љубов кон овој спорт, 100% ја поддржале.

„Кога имаше национално првенство, не ми дозволи да учествувам. Но, беше фер кон мене и ме однесе да гледам и да навивам за моите колеги. Кога виде колку бев среќна за нив, а несреќна за себе, ми дозволи да продолжам. Тогаш конечно ме сфати и виде колку го сакам овој спорт“ – објаснила таа.

21-годишната девојка упорно го следи својот сон и вели дека ако не успее тоа нема да биде затоа што не работела напорно. „Имам соништа и си имам поставено цели. Ако ги постигнам, ќе скокам од радост, но ако не ги постигнам, тоа нема да биде зашто не сум се обидела“ – додава таа.

Захра Лари Захра Лари Захра Лари Захра Лари

„Сакам сите млади девојки да ја пронајдат својата страст. Да не дозволуваат малите пречки да им изгледаат како планини. Да се стремат да бидат подобри личности и да не ги гледаат различностите во луѓето, туку да ги гледаат сличностите. Тоа е мојата желба за сите“ – вели Лара.

Захра Лари Захра Лари Захра Лари Захра Лари

Видео

Првата муслиманка која некогаш настапувала на Олимпијада со хиџаб е атлетичарката Рокаја Ал-Гасра. Таа се натпреваруваше на Олимписките игри во Атина 2004 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.