Почетна » Новости » Мода » За првпат во Македонија адаптирана облека за лицата со попреченост претставена на ревија

За првпат во Македонија адаптирана облека за лицата со попреченост претставена на ревија

Лицата со попреченост во Македонија за првпат добиваат специјализирана облека. Адаптираните модели беа презентирани синоќа на ревија, која доби само пофалби и аплаузи.

Овој моден настан беше организиран од Гере Трипков, основачот на брендот „Зен футурист“ за облека наменета за лица со попреченост.

Инспириран од секојдневните потешкотии поради тоа што е во инвалидска количка, Трипков одлучил да им овозможи на лицата со попреченост да добијат специјализирана облека која секојдневно ќе им помага да бидат посамостојни.

Зен футурист Зен футурист

Гере вели дека првичната идеја за основањето на бренд била поттикната од искуството кое го имал како модел.

„Од 1998 до 2008 година работев како модел, ја запознав модната индустрија од другата страна. Денес како лице со попреченост, заедно со претходното искуство, ми дозволи да ја креираме заедно со нашиот тим првата адаптирана колекција за лица со попреченост“ – вели Трипков.

„Живеј со стил, поддржи различности“ – дополнува тој во видео на Instagram.

Зен футурист Зен футурист Зен футурист Зен футурист

Времето на облекување кај лицата со попреченост знае да биде подолго и да создава фрустрација кај самите лица и кај нивните старатели, затоа овие модели се прилагодени да бидат лесни за облекување и соблекување.

„ЗЕН брендот ќе го намали времето потребно за облекување до 50%, а дотерувањето и подготвувањето ќе им го трансформира во искуство кое ќе претставува уживање и животна радост. ЗЕН ги поместува границите на модата, но и границите на сите предизвици со кои се соочуваат лицата со посебни потреби“ – пишуваат од брендот.

Зен футурист Зен футурист Зен футурист Зен футурист Зен футурист Зен футурист Зен футурист

Гере, кој останал неподвижен поради вродена мана на р'бетниот столб, е претседател на здружението „Икуалити“ и постојано се залага за подигнување на свеста и се бори за правата на лицата со попреченост.

Нарачките на моделите од бреднот „Зен футурист“ ќе може да се прават од следната година.

Зен футурист Зен футурист Зен футурист Зен футурист Зен футурист

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.