За да ги создаде своите нови модни дела, Ели Сааб овој пат зачекори во авантура во дивината.
Колекцијата за сезоната пролет/лето 2025, која беше презентирана со ревија во Париз, е инспирирана од недопрената природа на африканската дивина, фасцинантните пејзажи, сафарите и дождовните шуми, а секоја креација го содржи препознатливиот допир на гламур и софистицираност на либанскиот моден волшебник.
За колекцијата насловена „Примамливоста на дивината“ (The Allure Of The Wild), Сааб пишува: „Жената која носи Ели Сааб отелотворува шик дух на нескротлива слобода, прифаќајќи ја привлечноста на дивата и рафинирана авантура под бескрајното небо“.