Ана Ивановиќ беше почесна гостинка на доделувањето на наградите „Gala Spa“ во Баден-Баден, Германија. 29-годишната Србинка зачекори на свеченоста во елегантен розов фустан.
Убавата тенисерка се закити со наградата „Beauty Idol“, поради тоа што е поим за природна убавина во комбинација со атлетика и елеганција, а и затоа што се смета за инспиративна и хумана личност.
Славната сопруга на Бастијан Швајнштајгер неретко е именувана за најубавата тенисерка во професионалните спортови, па не е изненадувачки што оваа награда ѝ припадна токму нејзе.