Доменико Долче и Стефано Габана создадоа капсулна колекција посветена на Саудиска Арабија.
Италијанскиот луксузен моден бренд ги претстави раскошните модели со ревија одржана во хотелот ‘Hittin’ во Ријад. Ексклузивната колекција на Долче и Габана е наменета само за Кралството, според соопштението на брендот.
„Богатата историја и гостопримството на Судиска Арабија во хармонија со визијата на Долче и Габана за италијанската убавина, се испреплетија за да создадат ексклузивна колекција прикажана исклучително во хотелот ‘Hittin’ во Ријад.“
„Инспирирани од магичните пејзажи и флората на регионот, секое парче вклучува елементи од локалната поезија, позната по тоа што го слави природниот свет, љубовта и нивните минливи моменти“ – стои во описот на модниот бренд.