Емануел и Брижит Макрон се во официјална дводневна посета на Белгија. Францускиот пар беше пречекан во Брисел од кралот Филипе и кралицата Матилда.
Додека 47-годишната кралица мамеше погледи во целосно црвен стајлинг, 65-годишната првата дама на Франција беше облечена во сива комбинација.
По свечениот пречек, тие се упатија во музејот на уметноста во Гент, каде го разгледуваа реставрираното дело „Mystic lamb“ од Јан ван Ејк.
Вечерта, домаќините организираа државен банкет во чест на гостите. На свечената вечера, Матилда носеше бордо долг фустан, а Брижит се појави во долга црна тоалета со сребрени акценти.