Ирина Шајк е ѕвезда во летната кампања на Fendi.
37-годишната манекенка позираше во костимите за капење и модерните фустани инспирирани од хороскопските знаци, кои се дел од колекцијата Astrology 2023. Италијанскиот бренд се инспирирал од колекцијата пролет/лето 1993, дизајнирана од Карл Лагерфелд, додека ја создавал актуелната понуда за топлите денови.
Фотографиите ги потпишува Стивен Мејзел.