Диор ја претстави колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето 2025 година со ревија во Париз.
Меѓу славните гостинки кои од првиот ред го проследија модниот спектакл беше и Дева Касел. 20-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел беше мамка за погледи додека пристигнуваше на ревијата во Градот на светлината.
„Благодарам Диор и Марија Грација Киури што ме повикавте да помогнам за оваа прекрасна колекција“ – напиша Дева на Instagram.
Таа седеше покрај Џена Ортега и заедно позираа за фоторепортерите и обожавателите.
Дева со фотографија покажа како изгледаат фоторепортерите од нејзина гледна точка.