Данијела Мартиновиќ со уникатен стил шармираше на настан во Загреб.
53-годишната хрватска пејачка учествуваше на панел дискусија организирана од Women's Executive Business Club, на која се појави во костум изработен по нејзина порачка. За стилскиот избор, Мартиновиќ напиша објава на Instagram.
„Детството, меѓу останатото, го паметам по култното Бурда. Мајки ми апсолутно сè ми шиеше спрема кроевите од Бурда. Постојано ѝ нанесував главоболки мешајќи се: ‘Мамо, издолжи го ова, скрати овде, додај таму, одземи таму...’ Во првите неколку години, сите сценски комбинации доаѓаа од нејзината работилница“.
„Ова одело ми го соши госпоѓа Ирена. Налетав на фотографија и посакав идентично... и го добив. Одушевено го следев целиот процес на создавање и сега одиме понатаму“ – напиша таа.
За стилскиот избор, Данијела доби бројни комплименти.