Ешли Грем креираше инклузивна модна колекција за сечие тело во соработка со брендот PrettyLittleThing.
Линијата на 30-годишниот модел, кој во модниот свет се прослави со своите облини, се фокусира на зголемување на самодовербата на жените и ги поттикнува да се чувствуваат неверојатно во своето тело без разлика на неговата големина. Моделите од колекција се достапни во сите конфекциски броеви од 6 до 28 (од 32 до 56).
Во колекцијата преовладуваат животинските принтови.
„Возбудена сум што работам со PrettyLittleThing на ширењето на пораката #EveryBODYinPLT преку лансирањето на новата линија со инклузивни големини. PLT допира до милиони жени кои сакаат стилови кои се во тренд, а оваа колекција е потсетник дека твојата големина не треба да те ограничува да имаш достап до облеката што ја сакаш“ – изјавила Грем.
Најавувајќи ја соработката со Ешли, директорот на модниот бренд Умар Камани изјави: „Чест ми е што ѝ посакувам добредојде на Ешли Грем во семејството PrettyLittleThingи што ќе соработувам со толку фантастична личност која им е идол на многу жени“.