Почетна » Новости » Мода » Гледате двојно? Новата колекција на Гучи презентирана на ревија на која дефилираа само близнаци

Гледате двојно? Новата колекција на Гучи презентирана на ревија на која дефилираа само близнаци

Алесандро Микеле, креативниот директор на Гучи, смисли интересен и уникатен концепт за презентирање на најновата ревија.

Во Милано, 49-годишниот дизајнер ја откри најновата колекција преку две писти, секоја како одраз на другата. Најинтересно беше што на модното шоу дефилираа само идентични близнаци и близначки.

Најпрво, публиката следеше две посебни ревии кои подоцна, со подигнување на средишниот ѕид, се споија во една. Секој модел се поврза со својот брат или сестра и за рака продолжија да чекорат по пистата.

Гучи

Алесандро бил инспириран од мајка му и нејзината сестра-близначка. „Магијата кај близнаците е во тоа што се чувствува дека идентичноста е невозможна. Тие не треба да изгледаат исто, но и покрај тоа што изгледаат, тоа е само илузија или ‘напукната симетрија’“ – вели тој.

Иако дефилираа 68 пара близнаци, според Микеле немаше две индивидуи на пистата кои беа навистина идентични.

Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи Гучи

Видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.