Викторија Бекам е експертка за привлекување на папараци-објективи. Но, 46-годишната дизајнерка со ефектна комбинација мамеше и многу погледи во Лондон.
Како и обично, славната сопруга на Дејвид Бекам носеше сопствени креации. Црвениот фустан, кој е дел од нејзината колекција за пролет/лето 2021 и чини 1.690 евра, таа го надополни со розови обувки на штикла.
Викторија се упатуваше во нејзиниот бутик во британската метропола за да присуствува на снимање на празнични промотивни материјали.