Џони Деп е вистинска рок ѕвезда. 49-годишниот актер застана на сцената рамо до рамо со Стивен Тајлер за заедно со останатите членови на Aerosmith да ја изведат „Train Kept

„Ќе ни е потребна помош тука? Џони Деп дали си во куќата?“ – извика Тајлер, пред 18.000 луѓе да го поздрават со аплаузи појавувањето на Деп на сцената.
Настапот бил во рамките на концерт во Лос Анџелес, на кој во публиката присуствувале и Џим Кери и познатата ќерка на Стивен, Лив Тајлер.
Ова не е првпат годинава Џони Деп да го покаже својот музички талент свирејќи на гитара. Претходно тој настапи заедно со Алис Купер и со Мерилин Менсон.