Стивен Тајлер беше специјален гостин на хуманитарна гала во Рим, Италија. 69-годишниот пејач на Aerosmith беше придружуван од својата 28-годишна девојка Ејми Престон.
Фотографиите од парот поттикнаа многу коментари заради големата разлика во возраста. Ејми му беше лична асистентка на Стивен, пред нивната врска да премине во љубовна.
Хуманитарната гала е организирана со цел собирање на средства за Фондацијата Андреа Бочели и Мухамед Али Паркинсон Центар.