Ирина Шајк наскоро ќе стане мајка. Убавата Русинка, која е бремена со првото нејзино дете со Бредли Купер, беше фотографирана пред нивната куќа во Лос Анџелес.
Облечена во црна спортска облека и со капа на главата, Ирина се движеше забрзано, но не успеа да ги одмине папараците без тие да го овековечат секој нејзин чекор.
Пред една седмица, таа беше фотографирана додека се обидуваше да го сокрие големото стомаче со чанта.