Адријана Лима со извонреден сексапил и моќна самодоверба дефилираше на најновото шоу на Victoria’s Secret.
Згодната Бразилка, која ги пензионираше ангелските крилја пред шест години, се врати на ревијата на популарниот бренд во фантастично издание.
43-годишната манекенка го затвори првиот сегмент на шоуто, а зачекори повторно во црвен аутфит за време на романтичниот сегмент кој музички го предводеше Шер.
На почетокот на годината, Лима беше мета на неодмерени и груби коментари и шпекулации поврзани со нејзиното тело. Една година по раѓањето на третото дете, таа беше обвинувана дека направила естетски операции на лицето и дека воопшто не изгледа како претходно.
Иако таа накратко се огласи и им возврати на критичарите дека тоа е нормално лице на изморена мајка, сепак тоа не ги стивна гласните негативци.
Новото шоу, кое беше пренесувано во живо преку социјалните мрежи, е доказ дека Лима е во врвна форма и изгледа поатрактивно отсекогаш.
Лима е мајка на 14-годишната Валентина и 12-годишната Сиена од бракот со Марко Јариќ и 2-годишниот Сајен кој го има со сегашниот партнер Андре Лемерс.