Кралицата Ранија беше дел од Самитот за правата на детето организиран од Светата Столица во Ватикан.
54-годишната припадничка на јорданското кралско семејство зрачеше со елеганција во розова креација од Оскар де ла Рента, која ја искомбинира со соодветни салонки од Диор.
Седејќи на иста маса со папата, Ранија одржа моќен говор за детските права.
„На теорија, консензусот е јасен: секое право, за секое дете. Сепак, многу деца ширум светот се исклучени од ова ветување - особено во воените зони. Уште полошо, луѓето станаа бесчувствителни на нивната болка“ – рекла таа.
Сопругата на кралот Абдула II, се осврна и на фактот дека едно од шест деца на планетата сега живее во област погодена од конфликт, каде што секој ден се убиваат по неколку луѓе.
„Одземени им се сите права – на живот и безбедност, но и на образование, здравје, приватност и заштита од злоупотреба“ – додала Ранија.
Каде и да се појави, кралицата на Јордан мами погледи и привлекува комплименти. Така беше и со нејзините стајлизни во изминатиот период.