Ирина Шајк носеше прекрасни невестински фустани од Pronovias за фотосесија за списанието „Hola!“.
Музата на популарниот бренд позираше за фотографот Лало Кортез во хотелот „Ле Бристол Париз“ во францускиот главен град.
„Фустаните од оваа колекција ме фасцинираат. Од сите, омилени ми се оние со чипка. Ми се допаѓа како е изработен материјалот, а стои на телото како втора кожа. Генерално, сметам дека фустаните од високата мода на Pronovias се класични, а истовремено секси, шик и едноставни“ – изјавила Шајк за колекцијата Atelier Pronovias 2017.