Џиџи и Бела Хадид повторно се вратија на модното шоу на Victoria’s Secret.
Атрактивните сестри беа магнет за погледи додека дефилираа на ревијата на познатиот бренд за долна облека. Џиџи го отвори шоуто облечена во розов аутфит со големи ангелски крилја на грбот.
Второто појавување на 29-годишниот модел на модната писта беше во романтичниот дел во кој настапуваше Шер. Во овој сегмент, Џиџи дефилираше заедно со сестра си Бела. Атрактивните сестри беа облечени во црвено.