Алесандра Амбросио и Изабел Голарт ја покажаа својата убавина на ревијата на Le Lis Blanc во нивниот роден Бразил.
Атрактивните Бразилки беа дел од манекенките кои дефилираа за познатиот моден бренд во Сао Паоло. 37-годишната Амбросио и 33-годишната Голарт, кои во минатото заедно беа дел од ангелите на Victoria’s Secret, носеа светкави фустани.
Тие позираа и со бразилскиот модел Фернанда Мота, како и со Камила Кироз, Ана Беатриз Барос и Лиа Ти.
Брендот ја прослави 30-годишнината од постоењето со забава на која присуствуваа многу славни личности.