Алесандра Амбросио сè уште е една од најбараните манекенки во модната индустрија.
И покрај тоа што веќе чекори во петтата деценија од животот, таа совршено ја негува својата фигура и постојано реди нови и нови модни ангажмани. 43-годишната Бразилка, која во минатото ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, позираше на црниот тепих на доделувањето на видео музичките награди на MTV во Њујорк.
Амбросио носеше син краток фустан од Алекс Пери.
Претходно, Алесандра дефилираше на ревијата на PatBO во Њујорк, на која се презентиираше колекцијата за сезоната пролет/лето 2025.