Ирина Шајк ги презентираше најновите модели на Zeki.
37-годишната манекенка позираше во модерни костими за капење во новата кампања на турскиот бренд. Ирина, која има една ќерка со Бредли Купер, ја покажа одличната фигура и стомачните мускули додека позираше во моделите за претстојната летна сезона.
Неодамна, Ирина изјави дека воопшто не била популарна меѓу момчињата додека растела и дека честопати била исмевана.
„Првпат имав дечко на 18 години. Момчињата не ме сакаа. Бев премногу слаба и имав темна кожа, па момчињата и девојчињата ме исмеваа. Никогаш не мислев дека ќе бидам модел... Имав големи усни, па ме нарекуваа Чунга-Чанга по руски лик од цртаните филмови за црни деца. Отсекогаш сакав да бидам како сите останати, за никој да не ме задева. Бев многу срамежливо дете и мразев да се фотографирам. Видете ме сега“ – шеговито рекла Ирина додека раскажувала за детството.