Лоринда Колгеци стана Miss Globe 2020. Убавицата од Косово беше крунисана синоќа на манифестацијата која се одржа во Тирана, Албанија.
На овогодишниот натпревар за убавина учествуваа мисици од 42 држави, меѓу кои и нашата.
20-годишната Лоринда студира прехранбена технологија и биотехнологија.
„Обожавам да патувам, но местото кое го сакам најмногу е Приштина, каде живеам со своето семејство“ – вели таа.
Мис Филипини беше изгласана за четврта придружничка, наградата за трета придружничка ѝ припадна Мис Бразил, втора придружничка стана Мис Гана, додека за прва придружничка беше избрана Мис Сибир.
Наша претставничка на изборот за убавина беше Анѓела Јакимовска, која влезе во првите 15 финалистки.