Почетна » Новости » Мода » Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

Познатото домашно име Драган Христов – LUDUS, заедно со Марија Кулусиќ од Хрватска и Марко Фехер од Босна и Херцеговина, во текот на наредните шест месеци ќе ги претставуваат боите на балканскиот регион, под закрила на Моден Викенд Скопје.

дигитален шоурум

Во рамки на проектот „Обединета Мода“, белгиските партнери MAD Home of Creators и Flanders DC ги обединија силите за да презентираат триесет европски дизајнери на интернационалните купувачи, организирајќи престижен дигитален шоурум од февруари до јули оваа година.

дигитален шоурум

Направен е избор на социјално свесни брендови со силен комерцијален потенцијал, коишто имаат пионерска улога во градењето на одржлива иднина. Колекциите на селектираните модни етикети се дизајнирани да траат, исклучиво со користење на етички и еколошки материјали во нивното производство.

„Le New Black Show¬room“ претставува завршен настан на проектот, во чијшто фокус е потрагата по бизнис модели, кои имаат потенцијал да учествуваат во трансформација на модната индустрија. Македонскиот бренд LUDUS, заедно со дизајнерите Марија Кулусиќ од Хрватска и Марко Фехер од Босна и Херцеговина, селектирани се како тројца претставници на Балканот.

LUDUS е одржлив домашен бренд што создава креации од природни ткаенини како памук, свила, лен, волна и рециклирана кожа, со минимум или без воопшто отпад во производниот циклус. Колекциите со дизајнерски потпис на Драган Христов се базирани на емоциите. Вообичаено се монохоматски, со минималистички изглед и скулптурални силуети.

дигитален шоурум

Марија Кулусиќ е хрватска дизајнерка за бавна мода, која секогаш прави колекции засновани на приказна. Вниманието ѝ е посебно насочено кон софистицираната рачна доработка на деталите. Нејзините креации имаат безвременски карактер, спротивставувајќи ги модерното и традиционалното.

дигитален шоурум

Кој сум јас? Кои сме ние? Каде припаѓам? Ова се прашањата чии одговори ги истражува брендот на босанскиот дизајнер Марко Фехер. Трага по идентитетот на скриеното „јас“ низ перцепцијата на другите. Нема боја. Нема пол. Нема сезона. Нема раса. Наменет е за секого и никого, одразувајќи ги ставовите на креаторот во дадениот момент.

дигитален шоурум

United Fashion го спроведува кластер на европски модни асоцијации, чијашто цел е да се зголеми компетитивноста на дизајнерите, без притоа да се лимитира нивната креативност. Моден Викенд Скопје беше домаќин на настанот „United Fashion SEE Showroom“ во 2019 година. Проектот е поддржан од програмата Creative Europe на Европската Унија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19739 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.