Почетна » Новости » Мода » Be x NOIRÉ – кога модата раскажува локални македонски приказни

Be x NOIRÉ – кога модата раскажува локални македонски приказни

Нова, возбудлива соработка на“Be.” и тимот на NOIRÉ. Сара Дамчевска како дел од овој тим се појавува како дизајнер на визуелните елементи пресликани од делата на Башески на палтата и капутите на “Be.”

Тимовите на „Be.” x NOIRÉ го претвораат локалното уметничко наследство во нослива уметност. Овојпат, во фокусот се автентичните дела на македонскиот вајар Жарко Башески, кои преку уникатни принтови и дизајни добиваат нов живот на капути и мантили.

Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ

„Голема чест ни е што креациите на 'Be.' го привлекоа вниманието на тимот на NOIRÉ, а делата на Башески совршено се вклопија во нашата визија за брендот. Соработката го слави спојот на модата и уметноста, притоа зачувувајќи ја суштината на локалната култура. Секој примерок е приказна – внимателно создадена и раскажана низ визуелни елементи кои ја истакнуваат индивидуалноста и автентичноста” – изјави Билјана Силјановска, еден од основачите и моден дизајнер на “Be.”.

„Локализирана игра на уметност и мода“ – тоа е она што “Be.” x NOIRÉ го носат на модната сцена, укажувајќи дека стилот е повеќе од тренд – тој е израз на културен идентитет.

Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ Be x NOIRÉ

Заследете:

@be.official.page

@wearnoir.e

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.