По сè изгледа дека сепак еден човек може да придонесе светот да стане попријатно место за живеење. Секој може со својата љубезност и добро однесување да придонесе за подобар живот.

Истражувачите тврдат дека љубезноста е заразна и дека секое добро дело влијае позитивно на многу други луѓе. Тие откриле дека откако еден човек ќе добие подарок или услуга, тој е посклон да биде дарежлив и да му даде уште поголем подарок на друго лице. Второто лице го прави апсолутно истото и започнува да се формира бран од љубезност и дарежливост кој се шири понатаму.
Тоа било заклучокот од експеримент спроведен од истражувачи од Универзитетот Калифорнија и Универзитетот Харвард. Но, професорот James Fowler, кој учествувал во истражувањето, предупреди дека и лошото однесување се шири еднакво брзо како и добрината.
Сепак, на луѓето им е потребно да се шири љубов, добрина и љубезност. Проф. Fowler изјавил дека луѓето формираат социјални мрежи, затоа што добиваат многу повеќе од поврзаниот живот, отколку што губат.