Почетна » Новости » Истражувања » Што ги возбудува жените? Вечера, вино и „Те сакам“

Што ги возбудува жените? Вечера, вино и „Те сакам“

Најуспешниот метод за зголемување на женското либидо вклучува вечера, вино и нежно изговорено „Те сакам“. Но, романтичната вечера која вклучува добро вино не ja распламтува страстa само на жените, туку и на мажите.

Романтична вечера

Истражување на Yahoo и Fitness Magazine покажало дека и мажите и жените ја сметаат вечерата со вино како најдобар почеток на средба која завршува со водење љубов. Оваа магична комбинација е одобрена од 24% од жените и 26% од мажите кои учествувале во истражувањето.

Резултатите од истражувањето во кое учествувале 1.000 лица покажале дека расположението за секс на жените се зголемува и преку изјавите „Те сакам“ и „Многу си жешка/згодна“. Сепак, жените ги преферираат зборчињата „Те сакам“. 42% од жените изјавиле дека се возбудуваат кога партнерот ќе им каже „Те сакам“, а кај само 25% „Многу си згодна“ го имал истиот ефект.

Сексуалната возбуда кај помладите се активира и преку размена на „жешки“ пораки. Околу 22% од младите лица на возраст од 18 до 34 години имале зголемена желба за сексуални односи поради добиена експлицитна порака. Според резултатите, речиси половина од возрасните лица имаат разговарано „валкано“ по телефон со цел да ги зачинат односите и да ја загреат атмосферата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.