Нам жените не ни беше потребна дополнителна причина за да тргнеме во шопинг, но научниците ни ја дадоа. Ново тајванско истражување покажало дека луѓето кои редовно одат на шопинг живеат подолго.
Оние кои шетале низ продавници секој ден имале за 27% помали шанси да починат во период од 10 години, отколку оние кои никогаш не пазарувале или пазарувале помалку од еднаш неделно.
За да стигнат до овој заклучок, научниците набљудувале 1850 мажи и жени над 65 години во периодот од 1999г. до 2008г.
Истражувачите веруваат дека причина за ова е што шопингот е пријатен и забавен начин за практикување на физичка активност и идеален повод за дружба со пријателите и одржување на контакт со заедницата, макар и тоа да е само продавачот.
Интересното е што шопинг терапијата многу попозитивно влијае на мажите, отколку на жените. Жените кои редовно оделе на шопинг имале за 23% помали шанси да умрат во период од 10 години, а кај мажите кои редовно оделе низ продавници овој процент изнесувал 28.
Во анализата на резултатите, истражувачите од Тајванскиот национален институт за здравствени истражувања ги зеле во предвид и факторите како пол, возраст, образование, интелектуални и физички способности и финансиски статус.
Колку има вистина во ова истражување не е важно. Важно е што имате совршен изговор за да летнете на шопинг уште денес.