Почетна » Новости » Истражувања » Жените купуваат најсекси облека кога се најплодни

Жените купуваат најсекси облека кога се најплодни

Кога жените се во овулација, потсвесно се обидуваат да направат сè за да изгледаат попривлечно.

Истражувањата потврдуваат дека жените кога се најплодни купуваат и најсекси облека. Но, на големо изненадување, експериментите покажале дека не го прават тоа за да ги заведат претставниците на спротивниот пол, туку за нивните потенцијални ривалки да изгледаат помалку атрактивно.

ШопингЖените кога се најплодни купуваат и најсекси облека, за нивните потенцијални ривалки да изгледаат помалку атрактивно.

Истражувачите од Универзитетот во Минсота тврдат дека хормоните имаат директно влијание врз желбата за шопинг кај жените. За да го докажат, на група жени кои се наоѓале во различна фаза од менструалниот циклус, тие им покажале фотографии од други жени. Потоа им било речено да изберат каква облека сакаат да купат.

Кога на жените кои биле во овулација им биле покажани фотографии од убави жени од нивната околина, тие избирале секси облека, а кога им биле покажувани слики од непривлечни жени или жени кои живеат многу далеку, тие избирале помалку секси облека. Кај жените кои не биле во овулација не биле забележани промени во однесувањето.

„Ако изгледаш попривлечно од конкуренцијата, тогаш имаш поголема веројатност да се истакнеш“ – изјавила Кристина Дуранте која го предводела истражувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.