Почетна » Новости » Истражувања » Чоколадото штити од срцеви болести и мозочен удар

Чоколадото штити од срцеви болести и мозочен удар

Жена што јаде чоколадо

За љубителите на чоколадото уште еднаш има добри вести. Германско истражување покажа дека чоколадото го намалува ризикот од срцеви болести и мозочен удар до 39%.

За период од осум години биле набљудувани околу 30 000 луѓе на возраст од 35 до 65 години. Резултатите од ова истражување ги потврдиле досегашните заклучоци од мали истражувања дека кога се консумира умерено, чоколадото е одличен сојузник на здравјето.

Научниците препорачуваат почесто да се консумира црното чоколадо, затоа што содржи повеќе антиоксиданси, кои се борат против рак, a и повеќе какао, кое што го намалува крвниот притисок.

Д-р Brian Buijsse, кој го предводел истражувањето, предупредува дека овие заклучоци не значат дека луѓето треба да консумираат чоколадо неконтролирано, затоа што во 100 грама чоколадо има околу 500 калории, па ако се консумира редовно во големи количини, предизвикува дебелеење.

Тој смета дека 50 грама чоколадо дневно имаат најдобар ефект.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.