Почетна » Новости » Истражувања » Четврток е најдобар ден за секс, петок за...

Четврток е најдобар ден за секс, петок за...

Дали сте знаеле дека четврток е најдобар ден за секс, а петок за откажување на цигарите? Со последното истражување на Лондонското училиште за економија научниците откриле дека секој ден од неделата е добар за одредена активност. Подолу прочитајте ги нивните предлози.

Заљубен парСредата е најдобат ден за прв состанок, а четвртокот за секс

Понеделник – ден за намалување на стресот

Колку и да имате обврски, во понеделник задолжително треба да си најдете време за релаксација. Британско истражување покажало дека за 20% од луѓето е поверојатно дека ќе умрат од срцев удар во понеделник отколку во било кој друг ден од седмицата. Тоа во најголема мера е последица на фактот што луѓето повеќе пијат алкохол за време на викенди и чувствуваат најголем стрес во понеделник поради враќањето на работа.

Понеделник не е добар ден за започнување на диета. Според резултатите од анкета на Yahoo, една третина од луѓето кои започнале диета во понеделник се откажале до вторникот вечерта.

Вторник – ден за завршување на обврските

Се смета дека вторник е најпродуктивниот ден во седмицата, а понеделник е најмалку продуктивен. Наполнете го вашиот дневен список со најмногу задачи во вторник, затоа што тогаш е најголема веројатноста дека ќе ги завршите сите.

Вторник е најлош ден за секс. Според истражување на компанијата GfK NOP, луѓето имаат најмалку секс токму во вторник.

Среда – ден за прв состанок

Ако сте во потрага по љубов, тогаш одете на прв состанок во среда. 40% од 8000 анкетирани изјавиле дека среда е идеален ден за состанок. Доколку сè помине во најдобар ред, ќе имате еден ден да ги средите впечатоците пред петочниот втор состанок, а ако не помине како што посакувате, ќе имате можност да си закажете излегување со пријателите за викендот и да избегнете да сте тажни.

Среда е добар ден за да побарате покачување на платата. Истражувањата покажале дека во среда шефовите се најсклони да го земат во предвид вашето барање. Во понеделник се најзафатени подготвувајќи се за претстојната работна недела, а во петок и четврток веќе мислат за викендот и е голема веројатноста да ве одбијат.

Четврток – ден за секс

Нивото на кортизол, којшто ги стимулира сексуалните хормони, е највисоко во четврток, па затоа експертите го определиле четвртокот како идеален ден за секс. Во четврток не пропуштајте да имате секс рано наутро, затоа што тогаш тестостеронот кај мажите и естрогенот кај жените е на највисоко ниво.

Петок – ден за откажување од цигарите

Имате желба да ги откажете цигарите? Направете го тоа во петок. Првите неколку дена волјата кај луѓето е најсилна, па така лесно ќе го пребродите викендот кога е најголема веројатноста да паднете во искушение повторно да запалите цигара.

Петок е најлош ден за донесување на важни одлуки. Тогаш луѓето веќе се изморени, сакаат да започнат да уживаат и не трошат многу енергија за да размислуваат трезвено.

Сабота – ден за раѓање на дете

Иако во вторник се раѓаат најмногу бебиња, ако можете да избирате, родете го вашето дете во сабота. Нема објаснување зошто, но се знае дека бебињата родени во сабота имаат поголеми шанси да успеат во животот. Во Велика Британија, во периодот од 1900г. до денес имало 21 премиер, а дури 6 од нив биле родени во сабота.

Во сабота воздржете се прекумерна консумација на алкохол. За 70% е зголемен бројот на примени в болница во сабота поради консумација на големо количество алкохол.

Недела – ден за посета на ресторан

Едно истражување покажало дека подготвувањето на неделниот ручек им предизвикува повеќе стрес на луѓето отколку посетата на стоматолог. Затоа, во недела излезете од кујната, дотерајте се и посетете ресторан. Така и најдобро ќе се одморите.

Неделата е и најдобар ден за праќање на e-mail кој не е поврзан со работата. Ако сакате некој навистина да го прочита вашиот e-mail, пратете го во недела, советува компанијата за истражувања eMarketer.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.