Почетна » Новости » Истражувања » Вторник е подепресивен ден од понеделник?

Вторник е подепресивен ден од понеделник?

Повеќето луѓе ќе се согласат дека понеделникот е најдепресивниот ден во неделата, но ново истражување тврди дека во вторник ситуацијата е уште полоша.

Според истражување на Лондонското училиште за економија, луѓето се најрасположени во сабота, а доброто расположение продолжува и во недела. А потоа, со започнувањето на работната недела, во понеделник расположението се влошува и го достигнува „дното“ во вторник.

Тажна женаРасположението го достигнува „дното“ во вторник

Експертите сметаат дека тоа е така затоа што во понеделник расположението од викендот сè уште трае. Но, кога ќе дојде вторник, веќе работната недела сериозно е започната, а наредниот викенд е далеку, па луѓето започнуваат да се чувствуваат многу лошо.

За да дојдат до овој заклучок, научниците два пати дневно собирале информација од 22 000 мажи и жени – корисници на iPhone, кои биле испрашувани како се чувствуваат, со кого се во друштво, дали се дома и што прават.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.